Ја изгуби битката со ковид-19: Почина Тале Герамитчиоски, поранешен заменик-министер за образование

Објавено на 23 март, 2021 во 10:58

tale

23.03.2021

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објави дека почина Тале Герамитчиоски, истакнат член на СДСМ и посветен работник во универзитетската област како професор.

Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната Влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник, на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.

– Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него, објави Радмила Шекеринска.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.