Состанот на Комисијата за заразни болести, ќе има ли дополнителни мерки?

Објавено на 30 март, 2021 во 07:47

o9bi4rou16d82s245brd

30.03.2021

Бројот на заразени и починати секојдневно расте. Вчера во земјава ја имамве втората најголема бројка на починати досега.Меѓу починатите лица најмладиот беше на 22 годишна возраст од Струга.

Комисијата за заразни болести денеска ќе има состанок, на кој ќе одлучува за можни нови рестриктивни мерки.

Министерот Венко Филипче напомена дека во моментов нема потреба од нови мерки, меѓутоа останува да се види дали ситуацијата ќе се смени денеска.

Во моментов во земјава на сила е полициски час од 22 до 05 часот, кој беше воведен на 10 март, а ќе трае до 6 април.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.