Бектеши: Ќе преговараме со соседите за ковид-пасошите

Објавено на 31 март, 2021 во 10:59

bektesi vlada

31.03.2021

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска изјави дека наскоро ќе започнат преговорите со сите соседни земји за взаемно признавање на ковид-тестовите.

„Од утре сите институции ќе стапат во преговори со сите наши соседи за признавање на ПЦР-тестовите, тестовите за антитела и ковид-пасошите. Што се однесува до мојот коментар за домашните туристи, стратегијата на Владата го обврзува Министерството за економија да го поттикнува и да се направат програми за негова поддршка. Заедно, со поддршка од Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи, реков кога ќе започне имунизацијата, ние истовремено ќе ги започнеме преговорите за заемно признавање на ковид-пасошите“, рече министерот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.