Чавков и уште други четири осудени лица во Штипскиот затвор се позитивни на коронавирусот

Објавено на 8 април, 2021 во 08:28

mkd 413314

08.04.2021

Петмина затвореници како и тројца вработени во Штипскиот затвор имаат позитивен тест на ковид 19.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, е меѓу петмината осуденици кои се позитивни на ковид-19, објавија повеќе медиуми.

Тие се повикуваат на изјава на директорот на затворот Мики Тодоров, кој соопштил дека заразените се издвоени од останатите осуденици.

Чавков издржува 16-годишна затворска казна откако во март 2019 година беше осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со упадот во Собранието од 27 април 2017 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.