Филипче: Намален е бројот на хоспитализации но мораме да бидеме претпазливи бидејќи вирусот е непредвидлив

Објавено на 9 април, 2021 во 08:59

filipce sostanok 2

09.04.2021

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово одржа редовна координација со директорите на Клиниките и ковид центрите во Скопје.

filipce sostanok 1

-Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата. Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен, напиша Филипче на својот фејсбук профил.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.