Почина од Ковид-19 Тони Николовски кој гимазија заврши во Велес
Објавено на 10 април, 2021 во 11:39
10.04.2021
Од последици од ковид-19 почина Тони Николовски, посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство Аријанит Хоџа.
Николовски беше медиумски работник со искуство во повеќе телевизиски куќи и долги години беше камерман во А1 телевизија.
Роден е на 24.8.1964 година во Битола, живееше и гимназиското образование го заврши во Велес.
Тој е сопруг на поранешната пратеничка Ленче Николовска како и татко на два сина.
