Бројот на хоспитализирани се намалува но состојбата и понатаму е сериозна, третиот бран донесе многу потешки клинички слики

Објавено на 12 април, 2021 во 09:15

filipce zdravstvo

12.04.2021

„Утрово имав редовна координација со директорите на ковид центрите во Скопје, на која ја разгледувавме состојбата со хоспитализираните пациенти во викендов кој измина. Иако бројот на приеми во болниците пополека се намалува, како во Скопје така и низ ковид центрите во земјава, а со тоа се намалува и вупниот број на хоспитализирани лица, состојбата и понатаму е сериозна и остануваме претпазливи“, објави министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи.

filipce2

Според него, во болниците има доволно слободни места, а подготвени сме да ослободиме и дополнителни капацитети доколку за тоа има потреба.

„Третиот бран на вирусот покрај поголемата трансмисивност, донесе и многу потешка клиничка слика и подолга хоспитализација. Затоа апелираме да се почитуваат мерките за заштита“, потенцира министерот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.