Што точно ќе учат првачињата од септември по новата програма?

Објавено на 13 април, 2021 во 08:05

prvachina 1536x873

13.04.2021

Првачињата од септември ќе учат по нови програми, објавени се темите кои ќе се обработуваат по секој предмет, како ќе се реализираат часовите но не е предвидено дали наставата ќе продолжи да се одвива онлајн.

-Ова се некои теми од програмите за мајчин јазик, математика, општество и природни науки. Идните ученици уште од прво одделение ќе се запознаваат со важни теми како што се родова еднаквост, медиумска писменост, корупција преку соодветно прилагодени содржини за нивната возраст. Веќе денеска го објавуваме повикот за изработка на наставните материјали за овие нови програми. Силно верувам дека реформата ќе донесе многу повисоко ниво на квалитет во основното образование, информираше министерката за образование Мила Царовска.

prvachina1

Новата концепција од Министерство за образование, велат дека се темели на родовата еднаквост, инклузивност и мултикултурализмот, заштита на животната средина и почитување и заштита на правата.

prvachina3

prvachina4

Според ова наставникот треба еднакво да ги третира и момчињата и девојчињата и да води грижа да не им доделува родово стереотипни улоги.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.