Космонаутко: Се шират многу дезинформации за вакцините

Објавено на 13 април, 2021 во 08:41

denis

13.04.2021

„Антиваксерското движење е премногу присутно, премногу има дезинформации. Не знам зошто луѓето се толку против. Сите знаеме што е најубаво, да го нема вирусот и повторно да живееме нормално“, вели медицинскиот техничар, Денис Јанкуловски – Космонаутко, кој моментално учествува во масовната имунизација во арената „Борис Трајковски“, за емисијата „Студион 10“.

Тој потенцира дека хемијата и фармацевтската индустрија преовладуваат во периодот, но за жал, без вакцина не се може.

„Не брзаме со никој, тој што ќе си замине после примената вакцина да нема стравови, што значи јас лично имам време за секого, за разговор, за опуштање. Ако сакаат луѓето можат и да ја видат, некои и тоа го бараат“, вели популарниот Космонаутко за тоа како се спроведување вакцинацијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.