УХМР: Краткотрајно нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи

Објавено на 14 април, 2021 во 07:24

oblacno 1

14.04.2021

Времето ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата.

На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег.

Утре пак не очекува променливо облачно со сончеви периоди. На планините на северозапад од ноќта и изутрина со појава на слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.