Петтиот пакет мерки пред пратениците

Објавено на 14 април, 2021 во 07:57

23092020 Sobranie izbor zamenici ministri 2 1000x600

14.04.2021

Денеска на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија треба да се ставени Законите од петтиот пакет антикризни мерки.

Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива вчера најавија дека ќе ги повлечат амандманите поднесени во Собранието за законите од петтиот пакет на економски мерки. ВМРО-ДПМНЕ, пак, претходно вчера соопшти дека ќе ги повлече своите амандмани што ги поднесе во Собранието за Предлог законот за државјанство.

– Ние остануваме на она што го изјавивме претходно во рамки на дебатата за законот за државјанство. Штом ќе се повлечат амандманите кои го блокираа законот за државјанство и ние ќе ги повлекуваме нашите амандмани за петтиот економски пакет. Во моментот кога ќе бидат повлечени амандманите за државјанство, во тој момент ќе ги повлечеме и амандманите за петтиот економски пакет, изјави Елми Азири од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

ВМРО-ДПМНЕ, претходно, соопшти дека ќе ги повлече своите амандмани што ги поднесе во Собранието за Предлог законот за државјанство.

– Ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство се со цел конечно да се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Првиот исчекорот за одблокирање на работата на Собранието беше направен во понеделникот околу законот за државјанство на средбата на премиерот Зоран Заев со лидерите на опозициската коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците Африм Гаши и Зијадин Села. Тој исчекор, како што оцени премиерот, би значел и можност за одблокирање на законите во Собранието, пред се од петтиот пакет мерки за помош на бизнисите и граѓаните, на кои пратениците од оваа коалиција имаат поднесено амандмани. Премиерот Заев изрази очекување дека тоа ќе се случи во наредните денови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.