Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучи дали ќе се продолжат рестриктивните мерки
Објавено на 19 април, 2021 во 08:59
19.04.2021
Дали ќе се продолжат рестриктивните мерки и по 20 април денеска одлучува Комисијата за заразни болести.
На денешниот состанок ќе се анализира епидемиолошката ситуација во земјава ско која ќе се процени дали треба да продолжат овие рестрикции и во кој период или ќе се оди на нивно ублажување или заострување.
Изминативе денови во земјава е забележан пад на заразените. Новиот пакет ковид мерки беше донесен пред две недели, а со него беше донесена одлука затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и слично.
