Филипче во официјална посета на Белград, се прави план за набавка на вакцини од „Торлак“

Објавено на 20 април, 2021 во 08:06

Venko Filipce so maska 696x465

20.04.2021

Министерот за здравство Венко Филипче, заедно со претставници од Министерствотото, денеска заминуваат во посета на Белград, каде ќе имаат средба со српскиот министер за здравство Златибор Лончар и со директорката на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“, Вера Стоиљковиќ.

„Ќе имаме разговор за повеќе битни теми во делот на нашата соработка и надвор од прашањата за вакцините, таа соработка која ја имаме во размена на експертизата, нивни експерти тука во делот на гинекологијата, неонатологијата, кардиохирургијата и за некаков стратешки план за набавка на вакцини од „Торлак“. Во овој момент не ни се потребни вакцини, но гледаме како се одвива работата со пандемијата, има разни најави, не можеме да претпоставиме како ќе се одвива и сметам дека е најлогично решение Институтот „Торлак“ да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините понатаму кога ќе треба согласно тоа како ќе се одвива пандемијата“, изјави минатата недела Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.