Филипче: Во знак на благодарност, српските државјани ќе бидат ослободени од патарините
Објавено на 20 април, 2021 во 11:33
20.04.2021
Министерот за здравство Венко Филиче, кој денеска е во посета на Белград на српскиот институт „Торлак“, изрази благодарност до српскиот претседател, премиерката и министерот за здравство Лончар за донираните вакцини како и за можноста на македонските граѓани да примаат вакцини во Србија.
-Во знак на благодарност српските државјани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарините во нашата земја, рече Филипче.
Тој напомена дека Македонија ќе стане стратешки партнер со институт „Торлак“, кој зпочнува со производство за вакцини против ковид 19.
