Приведен 59 годишниот маж кој и се закануваше на малолетничка дека ќе ја силува

Објавено на 22 април, 2021 во 09:35

mvr

22.04.2021

Приведен е возрасниот човек кој пишуваше недолични и вознемирувачки пораки на 15 годишни девојчиња заканувајќи им се дека ќе ги киднапира и ќе ги силува.

Станува збор за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, кој престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе. Извршен е и претрес во домот на М.А. во светиколското село, каде што приведениот маж престојувал. Мажот кој се закануваше и праќаше еротски фотографии е приведен поради сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе,  извршен е претрес во домот на М.А.(63) во сeло Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот.

По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.