Денеска пресуда за обвинетите во „Ликвидација“
Објавено на 21 октомври, 2013 во 09:20
Во Основниот суд Скопје 1, денеска, ќе биде изречена пресудата за обвинетите во случајот „Ликвидација“.
Во него е обвинет и новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски заедно со велешкиот судија Иле Танев, Сабедин Џини-Хофман, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров, обвинителот Ивица Ефремов, Јане Павловски – Тица, пензионираниот врховен судија Борис Николовски и адвокатот и поранешен судија во велешкиот суд Сашко Лазаров.
Судскиот процес траеше два месеци. Обвинетите се товарат за примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување, неовластено оддавање информации и податоци за заштитен сведок.
