ГТЦ и ЕВН куртулија од барокот

Објавено на 17 октомври, 2013 во 18:54

„Успеавме да ги спасиме ЕВН и ГТЦ. Објектот на ГТЦ е изграден по конкурс на југословенско ниво како првонаграден проект, добитник е на националната награда „11 октомври“ и добитник на највисоко југословенско архитектонско признание. Зградата на ЕВН е претставник на „Ѕид завеса“ – правец во архитектурата“, рече градоначалникот на Центар,Андреј Жерновски.

Тој денеска објави дека мнозинството советници гласале против измените на ДУП-oвите Мал ринг, Старо Долно Водно и Тасино Чешмиче, со што најавите дека ГТЦ и згадата на ЕВН и ЕЛЕМ ќе добијат нов барокен изглед нема да се остварат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.