Излезе првиот број на „Слободен печат“
Објавено на 18 октомври, 2013 во 23:29
Излезе првиот број на новиот дневен весник „Слободен печат“, кој уште вечерва ќе биде дистрибуиран во Скопје и во сите градови во земјата. Весникот се печати во печатницата „Сити принт“ во Скопје, а читателите ќе можат да го купат по цена од 5 денари за примерок.
Весникот ќе го води тим на искусни уредници, предводени од Бранко Героски, Жарко Јорданоски и Злате Лозановски.
Покрај уредниците, колумни во „Слободен печат“ ќе објавуваат Радмила Шекеринска, Мирослав Грчев, Љубомир Фрчкоски, Петрит Сарачини, Мерсел Биљали, Бранко Тричкоски, Васил Мицковски, Ацо Кабранов и други новинари и интелектуалци.
Политичките настани секојдневно ќе ги коментира и познатиот стрип-јунак Пецко на Дарко Марковиќ.
