АМАН ги собра првите илјада потписи!
Објавено: 8 декември, 2012, во 15:50 часот
Во првиот ден од граѓанската акција за собирање на 10 илјади потписи за промена на Законот за енергетика од граѓанското здружение Аман соопштија дека се собрани првите илјада потписи.
Собирањето на потписите продолжува од понеделник, во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, во работното време од 8.30 до 16.30 часот.
Граѓаните кои ќе сакаат да ја поддржат оваа иницијатива својот потпис ќе можат да го стават до 30 јануари 2013 година.
