Нови 69 медицински возила

Објавено на 2 ноември, 2012 во 13:58

Новите возила се марка Рено и се опремени со ЕКГ апарат, дефибрилатор, телемедицина, со надворешен пејсмејкер, респиратор и друга опрема.

“Станува збор за набавка на 69 комплетно опремени амбулатски возила би рекол подвижни болниции и едно специјално педијатриско возило во износ од 275 милиони денари, што е околу 4,5 милиони евра. Водиме сметка сите градови да добијат по едно возило. За Скопје планираме да има минумум 10 возила. Ова е едно од ветувањата со кои излеговме пред граѓаните. Ветивме дека ќе набавиме 50 амбулатски возила за потребите на Итната медицинска помош, ние набавивме 70” – изјави министерот Тодоров.

Исто така, министерот за здраство, Тодоров, посочи дека во тек е и набавка за таблет компјутери кои ќе бидат поставени во сите амбулатни возила на кои ќе бидат поставени сите протоколи и упатства особено протоколот за ИМП со можност за гласовно пребарување за десетте најфреквентни причини за транспорт со ИМП.

“Следна работа која ја правиме за ИМП е вработување на 80 доктори во сите центри на ИМП со што практично овозможуваме сериозно зголемување на целиот кадар во ИМП за над 25 проценти во однос на вкупниот број што сега сме го имале. Ова би рекол историски најголемо зголемување на бројот на доктори во ИМП во последните 20 години. Очекувам со сите овие мерки и активности кои ги спроведуваме на планот на ИМП да постигнеме многу поквалитетно нејзино функционирање, побрза реакција, побрзо пристигнување на местото на настанот и современ медицински третман” –  рече Тодоров.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.