Неколку сообраќајки во едно деноноќие

Објавено на 19 октомври, 2013 во 16:42

Сашо Тоневски, 42-годишнен брат на сопругата на претседателот Ѓорѓе Иванов, со тешки повреди на белите дробови е примен во Ургентниот центар, откако околу половина час по полноќ изгубил контрола врз моторот со кој управувал и удрил во метални столбови.

Несреќата се случила во близина на Клинички центар, на крстосницата пред училиштето „Кочо Рацин“. Неговата здравствена состојба е се`уште неизвесна, но во моментот виталните функции се во ред, велат лекарите од Ургентен.

Во критична состојба е и 25-годишна девојка од Тетово, која вчера била прегазена на улицата „Видое Смилевски – Бато“, со автомобил со кој управувал  20-годишниот А.А од селото Мерово. Од ударот и`биле нанесени сериозни повреди на мозокот.

Синоќа, во сообраќајна несреќа е повредено и 19-годишно момче од Кавадарци. Додека се движело во близина на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, во него удрил автомобил. Со скршеници и други тешки телесни повреди и момчето завршило во Ургентниот центар.

Честите сообраќајни незгоди, според граѓаните се должат на брзото животно темпо, но и на несовесното однесување на граѓаните и несоодветното регаирање на полицијата.

И минатата недела помина со неколку сообраќајни несреќи. Во една од нив животот го загубија пет момчиња од Скопје на возраст од 27 и 28 години, откако автомобилот со кој се движеле по „Јужен булевар“ излетал од улицата и удрил во зградата на Пазарна инспекција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.