Мијатовиќ: Згрозена сум од пресудата против Кежаровски

Објавено на 21 октомври, 2013 во 14:03

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ денеска изрази длабока загриженост поради пресудата за новинарот Томислав Кежаровски за четири и пол годишна затворска казна, jави 24 вести.

„Јас сум згрозена од денешната пресуда. Оваа претерано строга осуда е загрижувачки развој и праќа јасна порака за цензура до другите новинари во земјата“, вели Мијатовиќ во писмената изјава.

Во соопштението се потсетува дека Кежаровски е единствениот новинар во притвор во цела Југоисточна Европа.

„Денешната пресуда има сериозни последици за слободното изразување и медиумските слободи.

Кривичниот прогон на репортери за нивните новинарски активности го прекршува основното човеково право за слободно изразување и обврските на земјата кон ОБСЕ за развој и заштита на слободни медиуми“, вели Мијатовиќ.

Таа уште еднаш го повторува повикот до властите во Македонија за ослободување на Кежаровски и потсетува за нејзиното официјално барање да го посети новинарот во притвор, каде што тој ќе ја чека правосилноста на пресудата против него.

Извор: 24 вести

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.