СДСМ објави дека за Стариот тетар се потрошени 39 милиони евра а министерството зa култура најави кривична за лага

Објавено на 19 октомври, 2013 во 17:25

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека објектот „Стар театар“ за кој првично беше најавено дека ќе чини шест милиони евра, заедно со сите анекс договори граѓаните ги чини 39 милиони евра.

Според податоците достапни од Бирото за јавни набавки, за овој објект, освен основниот договор склучени се дополнителни 40 договори, или анекс на договор во вредност од над 33 милиони евра. Ако се погледне за што се склучени овие 40 договори и анекси, испаѓа дека власта сакала да прави театар ама не предвидела во тој театар да има мебел, ентериерна опрема, осветлување, завеси за сценскиот простор, градежно- занаетчиски работи, хидротехнички работи…, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

Тој побара од минстерката за култура Елизабета Канческа-Милевска да одговори зошто е тоа така.

„Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на денешната пресконференција кажа груби лаги и невистини пред новиот објект на Макдонскиот народен театар, во врска со изјавите за склучување на договори и анекс на договори во четири очи за изградбата на театарот,“ пишува во реакцијата на Министерството за култура од каде најавија кривична пријава против него.

„Очигледно е дека вие и вашата партија не знаете што значи да се изгради ваков репрезентативен објект затоа што, само за потсетување, ја имавте истата можност, но тоа не го направивте. Очигледно е дека ви останува само сето она што оваа Влада и инистерството за култура го изградија и го направија за уметниците да го девалвирате користејќи го за дневно политички цели и партиски интереси. Денешната прес-конференција е само уште еден неуспешен обид, манипулирајќи со јавноста да ја скриете својата фрустрираност, неспособност и немоќ“, пишува во реакцијата на инистерството за култура.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.