Сообраќајот се одвива тековно

Објавено на 14 декември, 2013 во 09:17

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во Македонија се одвива тековно, по суви коловози.

Како што соопшти ЈП Македонија пат, на планинските превои, по осојничавите места дел од коловозите се влажни.

Во клисурите и усеците се можни помали одрони, особено на патните правци Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово и Катланово – Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

Сообраќајот се одвива тековно по суви коловози

Објавено на 18 октомври, 2013 во 09:11

Од 07.10.2013 започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес – Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.

На патниот правец Фурка – Дојран Р-1 105, ЈП Македонија пат – Скопје подружница Велес, почнувајќи од 02.10.2013, во период од 10 – 15 дена изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента и истиот е регулиран со поставена соодветна патна сигнализација.

Од 25.09.2013 се воведе времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци), поточно на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово, со поставување на соодветна вертикална сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.