Внукот на мајка Тереза си го бара имотот

Објавено на 18 октомври, 2013 во 23:02

Громбар Алојз, внукот на Мајка Тереза, со тапија во рацете си го бара назад земјиштето каде треба да се градат Шпанските скали.

Како што пренесе 24 Вести, Алојз доказите му ги презентирал на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и од него побара помош.

Алојз е разочаран што никој не го контактирал и не го прашал за сопственоста пред неговата парцела  да биде продадена на фирмата Амадеус Девелопмент. Тој очекува фер разврска.

За градоначалникот на Центар Андреј Жерновски сопственоста на земјиштето не е спорна. Тој прашањето за парцелата каде во иднина треба да бидат Шпанските скали ќе го стави на дневен ред пред советниците.

Изјавите на градоначалникот Жерновски ги демантира Министерството за транспорт и врски. Тие изјавуваат дека јавните објави за отуѓување на земјиштето во државна сопственот се распишува откако за таа парцела ќе се утври точната имотно правна состојба.

Тие го прашуваат Жерновски како утврдил дека документите за сопственост на земјиштето се веродостојни и според кои законски прописи за сопственоста ќе одлучува советот на општина Центар.

Скопскиот златар сопственоста ја докажува со тапија издадена од Министерството за надворешни работи на Албанија од 5 август 1947. Во документот пишува дека Дронџа Бојаџиу-мајката на мајка Тереза, куќата, анот и дворното место ги препишува на Антон Јосифовски-дедо на Гомбар.

Битката со институциите Алојз ја води од 2005 година, за случајот го известил и Ватикан но и оттаму ништо.

Плацот за кој Алојз тврди дека е негово министерството за транспорт и врски го продаде како државно за 1 милион и 600 илјади евра.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.