Македонија од четврток на зелената листа на Кипар, патување без тест или карантин

Објавено на 19 јули, 2021 во 15:13

Северна Македонија, од четврток ќе биде преместена од портокаловата во зелената листа за патување на Кипар, што значи дека македонските државјани ќе можат да патуваат на островот без никакви ограничувања, односно без тест или карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно новата категоризација на земјите, односно „Процената на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска со Ковид-19″, објавена денеска од кипарското Министерството за здравство, Северна Македнија, заедно со Канада и Србија, од втората, преминуваат во првата категорија.

Во однос на вакцинираните посетители, како што пренесува МИА, од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се туристите кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите- членки на ЕУ, на Европската економска зона, од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада и Кувајт.

Но, и да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон) или со Спутник В или Синофарм.

Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е, 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.cy/.

Од Министерството за здравство на Кипар потенцираат дека сите патници, без разлика на тоа од која држава доаѓаат може да бидат тестирани по случаен избор.

Додаваат дека категоризацијата на земји е исклучително динамична и може да се промени во било време согласно развојот на пандемијата и промената на епидемиолошките податоци, па затоа, листите континуирано се ажурираат, секоја седмица.

Новите одлуки стапуваат во сила на 22 јули 2021 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.