Македонија се усогласи со одлуката на ЕУ за борба против тероризмот
Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ја почитуваше одлуката на Советот на ЕУ за спроведување на посебни мерки во борбата против тероризмот.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, објави дека на 18 јули 2022 година, Советот на ЕУ ја усвоил Одлуката 2022/1241, со која се укинува претходната одлука на Советот и се ажурира списокот на лица, групи и ентитети на кои специјално се применуваат мерки во борбата против тероризмот.
Како што се наведува во соопштението, земјите кандидати за членство во ЕУ – Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија и Босна и Херцеговина како потенцијален кандидат – се усогласени со одлуката на Советот на ЕУ.
Се усогласуваат и земјите од ЕФТА Исланд и Лихтенштајн, како и членките на Европската економска област.
Тие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со одлуките на Советот, а ЕУ ја забележува таа посветеност и ја поздравува, додаде Борел во соопштението.