Македонија во јули ја посетиле над 100 илјади странски туристи, најмногу од Турција
Во Македонија во јули годинава евидентирани се 197.273 туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика од вкупниот број туристи, 46 отсто или 90.702 се домашни, а 106.571 или 54 проценти се странски.
Бројот на ноќевањата во јули изнесува 742.970, од кои 71.4 проценти се од домашните туристи, а 28.6 отсто од странските.
Најатрактивни туристички места и за домашните и за странските туристи биле езерските места.
Во однос на сместувањето, странските туристи најчесто се сместувале во хотели, а домашните туристи во куќи или станови за издавање.
Македонија во јули најмногу туристи имала од Турција (35.078), Србија(11.124), Полска(5.911), Романија(4.860)…
Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 1.2, а кај странските за 44.0 отсто.
Бројот на ноќевањата, пак, во периодот јануари – јули годинава, во споредба со лани, е зголемен за 12.4 проценти, и тоа кај домашните туристи за 0.7, а кај странските за 28.4 отсто.
Дума.мк