Метеопрогнозер Поповски: Антициклон над Македонија, следуваат рано летни температури

„Под влијание на висок воздушен притисок, Антициклон, и на топла воздушна маса од југ, од денес, вторник, 29 април, до четврток,1 мај, времето во Македонија ќе биде сончево и топло преку ден со мала локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, најизразен во четврток на 1 мај.
И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период времето ќе биде стабилно, суво, топло и сончево. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје и околината исто така температурата ќе се искачи до околу 28/29 степени.
Само да напоменам дека утрата ќе бидат посвежи и со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени,“гласи временската прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк
