Мицкоски: Многу сум убеден сум дека над 910.000 граѓани ќе гласаа против Договорот со Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е цврсто убеден дека референдумот за укинување на Договорот со Бугарија би бил успешен, доколку претседателот на Собранието Талат Џафери не ја отфрлеше поднесената иницијатива во Парламентот.
-Се исплашија дека опозицијата во Македонија консолидира 910.000 гласови. Тоа е суштината и со тоа ќе беа целосно делигитимирани. Многу сум убеден дека над 910.000 граѓани ќе гласаа против договорот. Пред да одлучиме за референдум, ние го меревме јавното мислење и правевме анкети. Не влеговме во овој процес дека така ни текнало. Јас најавив дека ќе биде концептот широк на консултации, се консултирав со многу луѓе, правни експерти, коалиционите партнерти тет а тет разговаравме со многу општествени активисти, со луѓето од Извршниот Комитет на партијата и Централниот Комитет, рече Мицкоски во синоќешното гостување на емисијата „Клик плус“.
Тој посочи дека единствен начин е да користат правни алати, а правната алатка е референдумот.
-Џафери направи преседан, на кој што понатаму ќе се повикуваат. Сега јас би сакал некој да ја праша меѓународната заедница дали се согласуваат со ваквото однесување на Талат Џафери? Дали е ова демократски?, праша Мицкоски.
