МОН: Признавање на странски дипломи и образовни квалификации, од утре, само по електронски пат

Објавено на 3 ноември, 2022 во 16:01

Министерството за образование најави дека од утре, 4 ноември 2022 година ја поедноставува постапката и ги намалува трошоците за апликантите заинтересирани за признавање на странските дипломи и образовни квалификации. Апликациите ќе се поднесуваат само и единствено преку  www.e-uslugi.mon.gov.mk.

„Изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука и на овој начин значително се крати времето, но и дел од трошоците кои настануваат при користењето на оваа услуга, соопштија од МОН.

Дигитализација на образованието и на услугите и понатаму ќе биде една од приоритетните цели на МОН со што се доближува до европскиот образовен простор.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.