МВР: 157 санкции за брзо возење
Објавено на 31 мај, 2022 во 10:53

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 157 возачи.
-Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 71 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 86 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
