МВР: 170 санкции за прекршоци што ги прават пешаците
Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12.00 до 17.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 170 пешаци.
-Од нив, 149 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, пет за минување на црвено светло. За време на контролата регистрирани се и 114 останати прекршоци, пишува во соопштението на МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.