МВР: 345 санкции за брзо возење

Објавено на 15 јуни, 2022 во 14:58
Фото: МВР

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 345 возачи.

-Од нив три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 193 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 122 други видови прекршоци, пишува во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.