МВР: 384 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден, 18 ноември, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 384 возачи.
Од нив 37 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното и три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 173 возачи ја пречекориле брзината во населено место додека 211 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. Министерство за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.