МВР: Исклучени од сообраќај 63 неисправни возила што вршат јавен превоз

Објавено на 2 декември, 2021 во 10:15
Фото: МВР

На 01 декември, годинава, од 8 до 11 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани се 63 неисправни возила.

Од нив 31 возило имало неисправен уред за запирање, две возила неисправен уред за управување и др. Од овие 63 возила, 22 биле санкционирани на територја на СВР Скопје, 16 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Тетово, пет на територија на СВР Штип. стои во соопштението на МВР.

Сите неисправни возила се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.