МВР ќе се префрлува на нов систем: Од 23 од 27 јуни нема да издава лични документи
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем, од 23 јуни, годинава, очнувајќи од 21 часот, заклучно со 27 јуни, годинава, нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи, лична карта, пасош и возачка дозвола.
Од тие причини се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22 јуни, во текот на целиот работен ден или на 23 јуни, до 12 часот.
Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во редовна постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28 јуни, заклучно со 02 јули, годинава.
Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23 јуни, до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено издавање на истите.