МЗ: 300 активни ковид-случаи во земјава, продолжува теренската вакцинација

Објавено на 27 јули, 2021 во 09:52

Според податоците на Министерството за здравство, досега се дијагностицирани 156.086 ковид-пациенти, оздравеле 150.295, а починале 5.491 лице.  Во моментов најмногу активни случаи има во Скопје – 108, а на територија на државата вкупно 300 активни случаи.

Oд Министерството за здравство соопштуваат дека теренската вакцинација за денеска,  27 јули, ќе се одвива во следните населени места:

Тетово – Боговиње, Ново Село, Селца, Кече

Берово – Мачево

Гостивар – Балиндол, Турчане

Свети Николе – Павлешенци, Ѓуѓанци

Струмица – Василево

Неготино – Вешје, Д.Дисан

Пробиштип – Стрмош

Кочани – Грдовци

Кичево – Другово, Србјани, Пополжани, Манистирско Доленци

Битола – Беранци, Д.Српци, Лознани, Вашарејца, Новоелани, Ивањевци, Свето Тодори, Подино, Трновци

Македонски Брод – Брезница, Близанско, Тажево

Велес – Оризари

Министерството за здравство секојдневно ќе информира преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид 19. Замолуваме за поддршка на овој процес, стои во нивното известување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.