На „Богородица“ за излез се чека околу половина час
Објавено на 20 јули, 2023 во 09:46

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопштија утрово од Автомото сојузот на Македонија.
На ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк
