На „Табановце“ и „Богородица“ се чека по еден час
Објавено на 31 јули, 2021 во 11:47
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна за излез на ГП Табановце и ГП Богородица времето на чекање е 1 час, за излез на ГП Ќафасан се чека половина час.
На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Авто Мото Сојуз на Македонија.
Во секој момент проверете ја состојбата на http://www.roads.org.mk/315/video-kameri