На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека по 40 минути
Објавено на 29 јули, 2021 во 09:46
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Авто мото сојуз на Македонија информираат дека поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце и ГП Богородица времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.