Најава за дестабилизација на атмосферата: Локални врнежи, грмежи и невреме!

Објавено на 16 јуни, 2025 во 07:20

Поради продор на поладен воздух од север на висина, од утре,вторник, 17 јуни, во Македонија ќе дојде до постепена дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација, ќе имаме повеќе облачност, особено во попладневните и во раните вечерни часови, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

„Локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме со појава на град, електрични празнења  и силен ветер.

И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие нема многу да се менуваат, односно ќе се искачуваат во интервал од 27 до 35 степени, што значи ќе бидат релативно пријатни и нема да бидат премногу високи. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/, додаде Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.