Наутро многу студено, од вторник локални врнежи од дожд и снег

Објавено на 14 јануари, 2022 во 09:36
A sunny winter morning.

Времето денеска наутро многу студено, преку денот претежно сончево, во североисточните делови со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.