НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20%, на кредити 5,11%

Објавено на 31 мај, 2025 во 16:14

Просечната каматна стапка на вкупните депозити во април 2025 година изнесува 2,20 проценти, што претставува годишен раст од 0,38 процентни поени, информира Народната банка.

Истовремено, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,11 проценти, што е намалување од 0,40 процентни поени на годишно ниво и 0,04 процентни поени на месечно ниво.

Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во април изнесува 3,87 проценти, со месечен пад од 0,39 процентни поени и годишен пад од 1,60 процентни поени.

Кај новопримените депозити, просечната каматна стапка изнесува 2,34 проценти. Таа бележи раст од 0,10 процентни поени на месечно ниво, додека на годишно ниво е намалена за 0,20 процентни поени.

Во делот на корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена за 0,04 процентни поени на месечна основа и изнесува 4,73 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, пак, е намалена за 0,03 процентни поени и достигна ниво од 2,62 проценти.

Народната банка ќе продолжи со редовно следење и објавување на овие показатели, кои се клучни за проценка на кредитната активност и состојбата на банкарскиот сектор во земјава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.