Не излегувајте без чадор: Попладне ќе има краткотрајно невреме со ветер и град

Објавено на 30 мај, 2023 во 09:34

Претпладне со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Вака известуваат од УХМР за денешната временска прогноза во земјава. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

И следните денови не очекува променливо облачно време, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.