Неделна временска прогноза: Намалување на интензитетот на топлотниот бран од Африка!

Објавено на 9 јуни, 2025 во 08:28

Во Македонија од денеска, понеделник, 9 јуни до недела, 15 јуни ќе имаме намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка и породор на посвежа воздушна маса од север која ќе услови пад на температурите на воздухот за 3 до 5 степени како и повремено засилен ветер од северен правец, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

„Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повторно е можна појава на локално невреме.

И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период повремено ќе дува засилен ветер од северен правец којшто ќе ги спушти температурите за 3 до 5 степени во однос на оние кои ги имавме изминатиот период. Во попладневните часови ќе има услови за нестабилност и во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. И во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 32/33 степени,“ додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.