Нема да се увезува свежо свинско месо поради состојбата со африканската чума во кумановско

Објавено на 23 март, 2023 во 13:56

Државава нема да увезува свежо свинско месо поради состојбата со африканската чума во кумановско, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при посетата на кумановската компанија „Махагони“. Тој нагласи дека мора да се преземат превентивни мерки за заштита од африканската чума. Најави и поддршка за одгледувачите.

-Сметам дека штетата може да биде многу поголема и за одгледувачите и кон населението. Затоа мораше да се преземат. Како што се справуваме со истиот момент со африканската чума пред неколку години, ќе се справиме и сега, изјави Битиќи.

Како што дополни, одгледувачите ќе се помогнат со одредени мерки.

-Гарантирам дека свежо свинско месо ќе има доволно на трпезите на секој еден граѓанин затоа што, сметам дека има доволно количини во државата, изјави вицепремиерот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.