Непрооден патот село Степанци – Прилеп и затворен за сообраќај регионален пат Велес – Градско
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција и чекање околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
Регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци, Општина Чашка, кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.
Почнувајќи од 08.04.2023, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5тона.
Поради извршување на работи на патот,поточно вградување на асфалтен слој,асфалтирање, од 19.06 до 23.06.2023 год, делницата Велес – Градско, во близина на Градско, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот.
Дума.мк