Ние имаме најниска цена на горивата, вели Ковачевски
Објавено на 16 март, 2022 во 12:50
Ние сме сведоци дека заради одлуките коишто ги донесовме во однос на скалестото намалување на акцизата и намалувањето на ДДВ, во регионот ние имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Каде и да отидете нема да најдете поевтина цена и тоа се должи на брзата и навремена одлука, односно мерките и препораките од страна на владата и ефикасноста на Парламентот во донесувањето на законските решенија коишто веднаш беа објавени и можешњ РКЕ да ја донесе одлуката, рече Ковачевски, додавајќи дека и цената струјата кај нас, исто така е најниска во регионот.
-Сите знаете дека имаме најмала цена на електрична енергија во регионот и пошироко, кажа премиерот.