Николовски: Македонскиот јазик е корен на нашето постоење, заштитник на идентитетот и влог во иднината
Македонскиот јазик е корен на нашето постоење, заштитник на нашиот идентитет и влог во иднината, напиша вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил по повод Денот на македонскиот јазик.
Николовски порачува дека наша одговорност е да го чуваме македонскиот јазик , да го негуваме и да го унапредуваме за достојно да го предадеме на генерациите по нас.
– Македонскиот јазик е нашиот дом, наша татковина. Заштитник на нашиот идентитет и влог во иднината, корен на нашето постоење. Пред две години, Владата на Република Северна Македонија одлучи 5 мај да го востанови за Ден на македонскиот јазик, ден на неговата раскош и убавина. Наша одговорност е да го чуваме, да го негуваме и унапредуваме за достојно да го предадеме на генерациите по нас. Да го славиме нашиот јазик денес и години в иднина. Честит Ден на македонскиот јазик!, наведува Николовски.